Преку активните мерки се вработуваат по 20 млади лица дневно!

07.08.2014 17:07

Во просек по дваесетина вработувања дневно се реалирале во изминатите четири месеци. Вработени се 2.883 лица. За да ангажираат по овој основ се пријавиле речиси 1740 компании...

45 магистри и доктори на науки добиле работа преку владината мерка за ослободување од придонеси на млади до 29 години. Во просек по дваесетина вработувања днвено се реалирале во изминатите четири месеци. Вработени се 2.883 лица. За да ангажираат по овој основ се пријавиле речиси 1740 компании.

„На тој начин ќе доведат до заштеда на своите трошоци по однос на плати во висина од 37 отсто, односно 10 проценти персонален данок и 27 проценти од придонесите и на тој начин тие средства коишто ќе ги заштедат да можат алтернативно да ги употребат во развој на својот бизнис, да остварат двострана корист и за својата компанија и за приходите коишто се остваруваат, а од друга страна и да вработат лица што е основна и приоритетна цел на Владата на Р.Македонија“, истакна портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Најголем број вработувања со овие погодности има во Скопје, 411,  во  Струмица  144 и во Тетово 136. Малите и средни бизнис доминираат во ангажманот на млади кадри.

Услов за работодавачите е во компанијата да не се отпуштле вработени на неопределено време до премот на новите со владината мерка.

Ослободувањето од социјалните придонеси важи за период од една година , со обвррска да ги задржи новопримените  дополнителни  12 месеци.

Анита Никушева –Јованчев