Партиски препукувања по трагедијата во Кочани
Социјалдемократите инсистираат на лидерска средба на која Филипче ќе презентира негов план за подобрување на системот во повеќе области. Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат, Владата и премиерот се подготвени за секоја иницијатива која би помогнала...

Социјалдемократите инсистираат на лидерска средба на која Филипче ќе презентира негов план за подобрување на системот во повеќе области. Барањето ќе го испрател следната недела.
Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат, Владата и премиерот се подготвени за секоја иницијатива која би помогнала.
ДУИ на Ахмети по обвинувањата за селективност во истрагата за несреќата во Кочани бара Европската комисија да испрати правни експерти да се вклучат со засилен мониторинг.
„Оваа сериозна состојба бара активирање на сите механизми за да се спречи целосното пропаѓање на правната логика, што ќе има непоправливи последици врз политичкиот развој на општеството и неговата усогласеност со принципите и вредностите на ЕУ“, велат од ДУИ.
Нема да се манипулира со вистината, реплицираат од ВРЕДИ кој бараат анкетна комисија за сите несреќи случени минатите години.
„Граѓаните не забораваат кој го создаде овој расипан систем, кој ги штитеше криминалците, кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии и кој со години ја покриваше неправдата“, велат од ВРЕДИ.
За иницијативата на СДСМ за лидерска средба, ВРЕДИ со став дека Филипче има намера да ја политизира колективната трагедија и со тоа нема кредибилитет да повикува на лидерска средба. На СДСМ доволна им е координацијата со ДУИ-велат во ВРЕДИ.
Миле А. Ристески
