Трагедијата во Кочани-проблем на целото општество

По колективната тага процесот на психолошка поддршка ќе трае

28.03.2025 17:52

До Министерството за образование пристигнати се апели за помош, се интервенира со поддршка на стручните служби, вели министерката Јаневска.

Трагедијата е проблем на целото општество, по колективната тага процесот на психолошка поддршка ќе трае, треба сите да се вклучиме во справувањето со болката и загубата. До Министерството за образование пристигнати се апели за помош, се интервенира со поддршка на стручните служби, вели министерката Јаневска.

Тага, повлекување во себе и потреба да тагуваме и размислувањата од типот и ова не се случило и мора да е некоја грешка. Фазите низ кои поминуваат и оние што успеаја да се спасат од пожарот, но загубија блиски и пријатели. Потребна е психолошка поддршка за директно засегнатите, вели психологот Розалија Секулоска. Смета дека секој различно ја интерпретира болката и се носи со неа, но потребен е разговор.

Убаво е да се праша како си, како се чувствуваш, што можам јас да направам за тебе, разбирам дека ти е тешко … а понекогаш е доволно и само да има молк, вели психологот Секулоска. Психолошка поддршка ќе им треба и на здравствените работници.

Александра Спировска