Македонија

Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата

28.03.2025 16:00

Околу 52 милиони евра, со парите кои на државната сметка легнаа од првата транша од европскиот План за раст, ќе бидат насочени кон инвестициски проекти, но и за буџетска поддршка.

Отворање нови работни места, зајакнати институции и поголема транспарентност, за враќање на довербата кај граѓаните најавува мин за европски прашања Муртезани. Транспарентноста вклучува двонасочна комуникација со активно вклучување на граѓаните и пристап до проверени и точни информации. Динамиката на имплементација е добра, но не доволна-вели Муртезани.

Рокас порачува фокусот за биде на владеењето на правото и борба против корупцијата и реформи во јавната администрација. Но, потребна е поголема отчетност во управувањето со јавните финансии, вложување во човечки ресурси и зелена енергетска трансформација.

Од 750 милиони евра првата транша е 52, 5 милиони евра. Планот за раст не е замена за приклучувањето кон ЕУ само би требало да го олесни евроинтегративниот пат. Целта е поголема и активна вклученост на граѓаните во евроинтегративниот пат и поголеми економски активности.

Александра Велинова