Здравство

Повредените пациенти се во стабилна состојба, изјави Таравари

28.03.2025 17:24

Стабилна состојбата е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, има подобрување и кај пациентите кои беа критични-вели министерот Тараври. Осуммина кои се лекуваат на скопските клиники се заминаа дома, а девет од странски медицински центри се враќаат под медицински надзор во земјава …

8 пациенти заминуваат на домашно лекување, 14 ќе останат на лекување. 9 пациенти се враќаат во земјава, од Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска. Во странство ќе остане 91 пациент. Четворицата критични пациенти се во подобрена состојба од претходниот ден.

Пациентите што се вратија од странство се во добра состојба со стабилни параметри, вели директорот на Токсикологија.

Откако на социјалните мрежи излезе повик да се донира за пациент којшто се лекува во странство, надлежните, повторија дека трошоците за лекување на сите пациенти, транспортот назад во земјава, како и сите трошоци за двајца членови на семејството се целосно покриени. Доктори од Скопје ќе грижат за повредените додека не им зацелат раните.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски