Откриен деветти случај на заболен од листерија
Веројатноста за инфицирањетo кај овој пациент е во периодот од 1 јуни до крајот на јули оваа година...

Откриен деветти случај на заболен од бактеријата во земјава. Станува збор за пациент на возраст од 46 години од Неготино, хоспитализиран на Инфективната клиника на 3 август со гастроентероколит и бронхопневмонија, кој се наоѓа во потешка здравствена состојба и веднаш е поставен на механичка вентилација. Поради клиничката слика започнато е и со пеницилинска терапија, а во лекувањето дополнително се вклучени и доктори-анестезиолози од КАРИЛ.
Имајќи ја предвид должината на инкубација на ова заболување, веројатноста за инфицирањетo кај овој пациент е во периодот од 1 јуни до крајот на јули оваа година.
Во тек е спроведување на проширени епидемиолошки анкети од епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес, во однос на претходни заболувања, консумација на храна и други потребни податоци за можна поврзаност со храна.
Досега четири лица починаа од бактеријата листерија.
