Украина

Зеленски: Постои тесен круг на земји кои ќе бидат апсолутно подготвени да испратат контингент во Украина

29.03.2025 09:21

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, тврди дека постигнале договори со некои земји од ЕУ за проширување на пристапот до разузнавачки информации и релевантни технологии и сателити. Зеленски објави дека постои тесен круг на земји кои ќе бидат апсолутно подготвени да испратат контингент во Украина...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, тврди дека постигнале договори со некои земји од ЕУ за проширување на пристапот до разузнавачки информации и релевантни технологии и сателити. Зеленски објави дека постои тесен круг на земји кои ќе бидат апсолутно подготвени да испратат контингент во Украина.

„Се договоривме да одржиме состанок во Украина во рок од една недела во тесен круг на претставници на штабовите на клучните земји кои ќе бидат апсолутно подготвени да испратат контингент“, рече Зеленски.

Франција, Британија и Украина дефинитивно ќе бидат таму. Познато е дека американската страна имала внатрешно консултации, а потоа и со Саудиска Арабија и со Турција и со некои европски земји за нивната подготвеност да вршат мониторинг.

Рускиот претседател претходно предложи Украина привремено да се стави под надворешно управување како дел од напорите за постигнување мирно решение. Забелешките на Путин дојдоа неколку часа по самитот организиран од францускиот претседател Макрон на кој се разгледуваа плановите за распоредување војници во Украина за да се зацврсти евентуалниот мировен договор. Кремљ предупреди дека нема да прифати војници од членките на НАТО како дел од потенцијалните мировни сили.