САД
Трамп наскоро ќе објави царини за фармацевтските компании
29.03.2025 09:48
„Наскоро ќе објавиме, но мораме да ги вратиме лековите и фармацевтски производители во нашата земја“, рече Трамп....

Шефот на Белата куќа вели дека планира наскоро да објави царини за фармацевтските компании.
„Наскоро ќе објавиме, но мораме да ги вратиме лековите и фармацевтски производители во нашата земја. Разгледуваме одредена бројка која ќе биде доволна за да ги натераме фармацевтските компании да го донесат својот производ во нашата земја. Никогаш повеќе не сакаме да мораме да се потпираме на други земји како што го направивме тоа во времето на Ковид“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
