Гренланд

Венс ја обвини Данска дека не инвестирала во безбедноста Гренланд

29.03.2025 10:03

Американскиот потпретседател, Венс при посетата на американските војници во вселенската база на Гренланд ја обвини Данска дека не инвестирала во безбедноста на островот и во истовреме го запоставила. Според него, САД немаат друга опција, освен да заземат значајна позиција и да ја осигурат безбедноста на Гренланд...

Американскиот потпретседател, Венс при посетата на американските војници во вселенската база на Гренланд ја обвини Данска дека не инвестирала во безбедноста на островот и во истовреме го запоставила. Според него, САД немаат друга опција, освен да заземат значајна позиција и да ја осигурат безбедноста на Гренланд.

„Нашата порака до Данска е многу едноставна. Вие не завршивте добра работа за народот на Гренланд. Вие не сте инвестирале доволно во народот на Гренланд и во безбедносната архитектура на оваа неверојатна, прекрасна земја исполнета со неверојатни луѓе. Тоа мора да се промени“, изјави американскиот потпретседател, Џејмс Дејвид Венс.

Неофицијалната посетата на американската делегација предизвикаа загриженост. Данската премиерка го отфрли тврдењето на Венс дека не прават доволно за одбраната на Арктикот, новата влада на Гренланд ја нарече посетата агресивна. Трамп тврди дека не се откажува од идејата за преземање на островот.