Куманово

Во Куманово немаат сите училишта противпожарни апарати, покажале контролите

29.03.2025 13:12

Не сите училишта во Куманово имаат хидранти, покажале контролите. Проблемот велат е од технички аспект. Установите располагаат со противпожарни апарати.

Кумановските училишта ги исполнуваат основните услови од законот за заштита и спасување. Контролите покажале дека располагаат со противпожарни апарати и обучени вработените за ракување со нив, но не сите установи имаат хидрантска мрежа. Од секторот за образование велат ќе реагираат за да се обезбедат сите услови.

„Проблемот е од технички аспект, затоа што и секое училиште нема услови за да биде инсталирано, но согласно оние услови исправноста дали се ПП апарати и мрежа, се надлежни лиценцирани фирми, кои ги одржуваат училиштата се строго контролирани“, истакна Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование Куманово.

Училиштата имаат правилници за заштита од пожари и елементарни непогоди. Како и планови за евакуација. Во тек се и симулации на вежби кои се реализираат заедно со отсекот за превенција.

„Пред еден месец имаше лажни пријави за бомби во училиштата така што не им е ова непознато. Оваа вежба мора да се применува“, дополни Јовановиќ.

Стручните служби составени од психолози и педагози даваат психолошка поддршка на учениците.

Наставата тече редовно, а се одвива по новите насоки од министерството за образование и наука, по големата трагедија во Кочани.

 

Елена Георгиевска