Од ноќеска почнува летното сметање на времето
Викендов ќе започне летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето...

Од вечерва почнува летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето.
Летното сметање на времето започнува оваа година на 30 март, ноќта меѓу сабота и недела. Вечерва во 2 часот по полноќ потребно е да ги поместиме стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно да ги наместиме часовниците на 3 часот, што во пракса значи дека граѓаните ќе имаат еден час помалку за спиење.
Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.
