Иницијативата „Кој е следен“ на собир пред Собрание, МВР најави посебен режим на сообраќај
Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, денеска го одржува првото Народното собрание пред парламентот...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, денеска го одржува првото Народното собрание пред парламентот. Приоритетни барања на иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.
Од Иницијативата „Кој е следен“, вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.
Граѓаните денеска имаат можност да го искажат својот став и мислење.
Поради собирот пред Собранието, од Министерството за внатрешни работи има посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Оттаму апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
