Прилеп

Во Прилеп инспекциски контроли за безбедноста на колективните згради

29.03.2025 17:11

Колку и дали имаат безбедносни мерки во колективните згради? Во Прилеп започна инспекција. Што велат станарите, а што од агенцијата за одржување?...

Во Прилеп почна инспекциска контрола за безбедноста на колективните згради. Надзорот ќе покаже колку и дали има безбедносна инсталација, хидрантски мрежи, ПП апарати, исправни лифтови и доволна заштита на станарите. Дел станари во прилепската населба Точила укажаа на состојбите кои не се розови, а уште помалку нудат безбедност.

Според Агенцијата за одржување сето е одлука на советот на станарите, на сопствениците. Агенцијата може само да понуди петгодишен план, а прашање е станарите што ќе прифатат. Во Прилеп нема инспектор за домување, надзорот се работи заедно со други општини и тоа ќе потрае.

Зградите од пред 1990 година нудат повеќе безбедносни услови со скалила за евакуација и инсталација, но во најголемиот дел е или во запоставена состојба или нефункционално.

Елизабета Митреска