СДСМ го крои писмото за лидерска средба, во фокус трагедијата во Кочани.
Идната недела ќе се знае содржината на побараната лидерска средба од лидерот на СДСМ. Во фокус трагедијата во Кочани. Партиите калкулираат дали ќе седнат на иста маса, да кројат заедничка стратегија...

Што ќе бара да се разговара на лидерската средба лидерот на социјалдемократите Венко Филипче ќе информира следната недела кога и формално ќе го испрати барањето за средба до премиерот Мицкоски и преостанатите партиски лидери. Од СДСМ велат дека пред сè, разговорот е потребен за трагедијата во Кочани, но на маса ќе бидат и други теми.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени за секоја иницијатива која е од помош за докрај да се расветли трагедијата во Кочани, но дека предлогот на СДСМ сè уште не стигнал на илинденска. Ги коментираат барањата на ДУИ за надзор на истрагата од меѓународни фактори. Последно е дека интегративците со писмо се обратија до неколку тела од советот на Европа.
И додека ДУИ тактизира со одговор за лидерската средба, во вреди велат дека Венко Филипче ја политизира трагедијата во Кочани.
Миле А. Ристески
