Петпати зголемена потрошувачката на противпожарни апарати
Петпати зголемена потрошувачката на противпожарни апарати, се бараат и хидрантни системи. Граѓаните загрижени, најголем дел од зградите без сигурносна опрема. Инспекторите затвориле 24 јавни објекти бидејќи се небезбедни...

Петпати е зголемена побарувачката на противпожарни апарати во изминативе 10 дена. Само една компанија за три дена продала над 350 противпожарни апарати по цена од речиси 3.000 денари и 150 хидрантни системи по цена од 5000 денари. Цената ќе се зголемува и до 10 насто според најавите на добавувачите поради зголемената побарувачка. Најголем е интересот кај станбените згради, угостителските објекти, приватните компании и јавни објекти. Пред да се набават противпожарните апарати потребно е да се провери хидрантната мрежа.
Од 73 инспекциски контроли на ДЗС, има 24 затворени објекти бидејќи немаат соодветна безбедносна опрема. Под лупа се станбени згради, јавни објекти,угостелски објекти, но и државни институции кај кои уште пред пожарот се утврдени неправилости во поглед на противпожарната заштита. Унифициран правилник, Нема. пред да се градат објектите, инвеститорите се дожни да поднесат елаборат за противпожарна заштита - вели заменик, директорот на ДЗС, Кашмир Салиу.
Од ДЗС апелираат да се поднесат барања за обука за ракување со протипожарни апарати од оние кои имаат потреба.
Александра Велинова
