БЛИСКИ ИСТОК
САД продолжуваат со воздушните напади врз Јемен
29.03.2025 18:28
САД продолжуваат со воздушните напади врз Јемен, насочени кон повеќе области контролирани од бунтовниците Хути. Нетанјаху ќе продолжи да напаѓа цели каде било во Либан...

САД продолжуваат со воздушните напади врз Јемен, насочени кон повеќе области контролирани од бунтовниците Хути.
Од друга страна, израелскиот премиер Нетанјаху рече дека ќе продолжи да напаѓа цели каде било во Либан за да се спротивстави на заканите од Хезболах и да ја принуди групата да го почитува прекинот на огнот.
Хамас можеби е подготвен да ослободи некои заложници во замена за прекин на огнот за време на празникот Рамазан Бајрам, објавија израелски медиуми.
