Здравство

Пет пациенти одат дома, двајца се враќаат од странство, четворица во критична состојба

29.03.2025 16:38

Состојбата на четворица пациенти кои се критични, повторно им се влошила. Но, има добра вест за седум лица кои ќе заминат од странските и скопските клиники. Ова е последната информација која ја соопшти министерот Таравари за состојбата на повредените…

Два дена параметрите покажуваа подобрување, но состојбата на четворицата пациенти коишто беа во критична состојба, повторно им се влошила.

Петмина од хоспитализираните одат дома, во Скопје ќе останат 16 пациенти, во странство 89, се враќаат по еден пациент од Литванија и Шведска. Од понеделник сигурно е дека пет пациенти ќе се вратат во земјава.

На клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе бидат третирани повредените во кочанската дискотека, откако ќе им зацелат раните тука ќе дојдат на оправување.

Директорот на клиниката Мехмедовиќ, вели во установата има услови и кадар и за повредените ќе се обезбедат максимални услови за квалитетна рехабилитација, но процесот нема да биде ниту лесен, ниту краток.

Пластичните хирурзи, пак се обидуваат да ги превенираат и постоперативните лузни да не дојдат до степен да се прават дополнителни интервенции. Објаснуваат дека има разни начини за третирање на лузните, сè уште немашто има во странство со години се работи и во земјава.

Тимови од лекари од пластична хирургија, психолози и физиотерапевти ќе им бидат достапни на пациентите коишто се на домашно лекување.

Наташа Јанчиќ – Менковски