Иницијативата „Кој е следен“ на собир пред Собрание
Со транспарентот „Собранието заседава ве молиме за галама“ и со поставување на столчиња пред законодавниот дом, организаторите реагираа на одлуката на пратениците да ги откажат своите активности...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, денеска го одржа првото Народно собрание пред парламентот.
Со транспарентот „Собранието заседава ве молиме за галама“ и со поставување на столчиња пред законодавниот дом, организаторите реагираа на одлуката на пратениците да ги откажат своите активности.
Тие побараа, отворање на платформа е-инспекторат преку која граѓаните ќе имаат увид во сите инспекциски надзори, телефонска линија за пријавување на нерегуларности, како и функционален јавен превоз и подобрување на патната инфраструктура.
Од пред законодавниот дом, покрај организаторите можност да испратат барања до надлежните институции имаа и присутните граѓани.
Побараа да се објави целокупната документација за работата на дискотеката „Пулс“, но и објавување на документацијата поврзана со случаите „Онкологија“, „Модуларна болница“, „Беса Транс“ и „Дурмо Турс“.
Организаторите на денешното Народно Собрание порачаа дека немаат никаква поврзаност со политичките партии.
