Крушево

Инфраструктурни проекти за развој на туризмот

30.03.2025 15:35

Обиколницата кај Крушево е меѓу најважните за туристичкиот развој на најбитното историско место во државава. Таа е и меѓу четирите проекти со кои општината бара средства од Министерството за локална самоуправа за годинава. Или од унгарскиот кредит. Проектот вреден преку еден милион и 100.000 евра е клучен за туристичкиот развој...

Обиколницата на Крушево ќе овозможи градот да биде центар за развој на главно, авантуристичкиот туризам, по што е најпознат во светот. Тоа е еден од четирите проекти со кои градот бара средства од еден милион и 130.000 илјади евра од унгарскиот кредит преку Министерството за локална самоуправа. Ќе бидат поврзани скијачките терени и авантуристичките паркови.

Крушево годинава очекува да го започне проектот со Грција преку Европската унија и да го гради алтернативното полетувалиште за параглајдеристи на црн врв.

Новата инфраструктура е клучот за туристичкиот развој на Крушево.

 

Елизабета Митреска