Влада

Мицкоски и Перински во посета на Општина Ново Село

30.03.2025 09:03

Ќе извршат увид во градежните активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево...

Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе ја посети Општина Ново Село и ќе одржи работна средба со градоначалникот Ѓорѓе Божинов и членовите на општинскиот Совет.

По средбата, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други владини претставници, ќе извршат увид во градежните активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, предвидени се изјави за медиумите.