Мјанмар

Бројот на загинати од земјотресот во Мјанмар надмина 1.600

30.03.2025 09:13

Обединетите нации предупредија на сериозен недостиг на медицински материјали додека потрагата по преживеани продолжува...

Над 1.600 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во Мјанмар по земјотресот од 7,7 во петокот. Обединетите нации предупредија на сериозен недостиг на медицински материјали додека потрагата по преживеани продолжува.

Оштетените патишта, лошите комуникациски мрежи и последиците од четиригодишната граѓанска војна, ги попречуваат напорите за пребарување и спасување.

Во Бангкок, каде што 30 катница во изградба се урна како резултат на земјотресот, 12 тела се извлечени под урнатините.