Балкан
Дожд и поплави зафатија делови од Балканот
30.03.2025 11:46
Поплавени околу 800 објекти во Босна и Херцеговина. Во Србија веќе се излеале неколку реки...

Дожд и поплави зафатија делови од Балканот. Евакуирани се 145 лица, а поплавени околу 800 објекти во Босна и Херцеговина.
Во Србија веќе се излеале неколку реки. Во Шабац е прогласена вонредна состојба, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните денови.
Во Република Српска, најтешка е ситуацијата на северот и северозападот. Слична е состојбата и во Хрватска, во делови на Славонија голем број куќи и објекти беа поплавени. Во прекин е сообраќајот на неколку локални и регионални патишта.
