БЛИСКИ ИСТОК

Сирени за воздушен напад во неколку области на Израел

30.03.2025 15:17

Израелската војската соопшти дека пресретнала проектил лансиран од Јемен. Армија почна копнена офанзива во јужниот дел на Газа, наведувајќи дека ја проширува безбедносната зона.

Сирени за воздушен напад во неколку области на Израел. Војската соопшти дека пресретнала проектил лансиран од Јемен. Израелската армија почна копнена офанзива во јужниот дел на Газа, наведувајќи дека ја проширува безбедносната зона.

Израел потврди дека добиле нов предлог за примирје и ослободување на заложниците и додаде дека доставиле контрапонуда.

Хамас се согласи на предлогот за прекин на огнот во Газа од посредниците од Катар и Египет. Од друга страна, лидерот на Хезболах, изјави дека движењето нема да прифати нормализација на односите со Израел.

Државата Либан е одговорна за она што се случува на нивна територија и мора да се погрижи тоа да не излезе оттаму, вели премиерот Нетанјаху.