Тригодишно дете ќе се задушело од гумена бонбона, од Гостивар пренесено во Скопје
Вчера во 17.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив без свест и за укажување лекарска помош било донесено тригодишно машко дете од Гостивар.

Во тешка здравствена состојба и на респиратор е тригодишно дете од Гостивар коешто вчера во попладневните часови, без свест било однесено во гостиварскиот Ургентен центар.
Детето било реанимиран во Гостивар и пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што е хоспитализирано.
Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, родителите изјавиле дека во домот детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест. На детето му била укажана помош, по што било пренесено во скопските клиники.
Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
