Листеријата ги менува прехрамбените навики на граѓаните
Продавачите велат дека многу граѓани се зачудени што излегеле такви информации дека баш во тие производи имало листерија, бидејќи со години купувале од овој производител и никогаш немало проблеми...

Продавниците каде што се продваат производите на Екстра Меин денеска беа отворени, внатре имаше и муштерии. Продавачите велат дека многу граѓани се зачудени што излегеле такви информации дека баш во тие производи имало листерија, бидејќи со години купувале од овој производител и никогаш немало проблеми.
Некои си ги тераат по сатрите навики.
„Купувам сирење, се купувам, па и месо.“
„Ако се најде еднаш нешто, не значи дека има во се.“
„Не исплаши, сега не купуваме како порано, купуваме во мали количества“, велат анкетираните граѓани.
Чадениот свински врат барем некое време ќе отсуствува од македонските трпези. Спорните прозиводи се повлекуваат од малопродажбата, што за други граѓани го вклучи алармот.
„Страв ни е да купуваме, не јадаме сувомесни производи.“
„Не купуваме веќе. Порано купуваме, сега не.“
„Немаме толку пари за такви скапи работи.“
„Сега не купуваме, ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.“
Инспекторите ги преземаат сите мерки. Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги коментараа дилемите во јавноста дали резулатите се објавени веднаш откако се добиени.
„Министерството за здравство, штом ги доби резултатите не извести и нас, веднаш утредента ја информиравме јавноста. Навистина, тоа беше направено во најкус временски рок“, рече Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Законот предвидува над 10 илјади евра казна за фирмата која пуштила во промет небезбеден производ. Од листерија досега починаа четворица. Засега не се знае дали сите заразени со бактеријата листерија купувале од истата месарница.
Наташа Јанчиќ
