мвр

Одземено возило во Скопје поради создавање голема бучава

30.03.2025 13:58

Денеска околу 01.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул. „Партизански одреди, било одземено патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Р. Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава...

Денеска околу 01.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул. „Партизански одреди, било одземено патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Р. Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава.

На С.Г. му е изречена соодветна парична глоба, а возилото под сомнение за техничка исправност ќе биде однесено во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали е технички исправно и дали ги исполнува условите за учество во сообраќај.