Увид на градежни активности во Општина Ново Село
Сите проекти од унгарскиот заем од првиот повик се реализираат на вториот, општините пријавиле дури 410 проекти. Вака кажа министерот за локална самоуправа Златко Перински во Ново Село каде со премиерот Христијан Мицкоски се интересираа за реализацијата на проектите …

Речиси сите 288 одобрени проекти од првиот повик на Владата со пари од унгарскиот заем се реализираат по општините во земјава. Ова е огромна поддршка бидејќи руралните општини немаат пари за реализација на големи проекти кажа градоначалникот на Ново Село каде се гради пешачко рекреативна патека до Мокриево.
Во Општина Василево од првиот повик на Владата одобрен и се гради канализација во општинскиот центар. Конечно се решава најголемиот проблем на василевачни кои досега имаа септички јами, кажа градоначалникот Андонов.
Околу 410 проекти аплицирале општините на вториот повик кажа министерот за локална самоуправа со што наредниов период се очекува градежен бум во сите локални самоуправи.
Околу 250 милиони евра се планирани за македонските општини од унгарскиот заем. Секоја општина може да добие пари согласно бројот на жители според последниот попис.
Ване Трајков
