Подобрена состојбата на двајца пациенти кои се лекуваат во Солун
Двајца пациенти од четворица остануваат критични. Состојбата не се менува кај преостанатите, која е подобрена. Утре во земјава се враќаат петмина од повредените кои беа префлени во странските болници, a двајца од скопските заминуваат дома …

Кај двајца пациенти од Солун во текот на вчерашниот ден има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата е непроменета.
Во клиниките во странство се лекуваат 89 пациенти. Надлежните се во постојана комуникација со колегите таму, велат лекувањето ќе трае додека е потребно.
Пациентите коишто се лекуваат во Скопје се во добра состојба, бројот на хоспитализирани останува 16. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ „8 Септември“ и четири во Клинички центар.
На Клиника за токсикологија во последното деноноќие се примени четири пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување.
Наташа Јанчиќ-Менковски
