Минимален пораз за крај
08.08.2014 09:27
Во натпревар без многу шанси екипата на Металург загуби со 1-0 од кипарска Омонија и се прости од настапите во Лига Европа.

Во натпревар без многу шанси екипата на Металург загуби со 1-0 од кипарска Омонија и се прости од настапите во Лига Европа.
За разлика од првата средба на Кипар што нашите фудбалери ја загубија со 3-0, на арената Филип Втори во Скопје, Металург беше многу порамноправен и единствениот гол го прими во 53-тата минута откако Лескароски во обид со глава да ја врати топката кон голманот Ефремов не забележа дека во непосредна близина е брзиот Асис кој одлично се снајде и без проблем реализира за победа на Омонија.
Дотогаш средбата мина речиси без шанси на двете страни, но со солидно темпо. Во продолжението Крстев од слободен удар можеше да донесе израмнување, но и гостите пропуштија неколку можности за поубедлива победа откако по направените измени Омонија заигра офанзивно и во формација како на првата средба.
