Балкан

Водостојот на реките во регионот се намалува

31.03.2025 08:16

Во погодената област Приједор во која беа поплавени над 800 објекти, укината e вонредната состојба. Наставата во сите училишта продолжува...

Водостојот на реките во Босна и Херцеговина главно се намалуваат, а стабилизација се очекува во наредните денови. Во најтешко погодената област Приједор во која беа поплавени над 800 објекти, укината e вонредната состојба. Наставата во сите училишта продолжува.

„Сега ќе ја сумираме состојбата, градската управа формира комисии да се направи дезинфекција да се исчисти просторот“, изјави Мирослав Крнета - шеф на одделот за цивилна заштита во Приједор.

„Претстои испумпување на водата од тие некои депресии каде што ќе се задржува по поплавите, а потоа ќе почнеме со расчистување на подрумите во објектите“, изјави Марио Радинковиќ - командир на одделението за спасување во Приједор.

Пад на водостојот на реките се забележани и во Хрватска.