Продолжува потрагата по исчезнати во Мјанмар
Меѓународните спасувачи со тешка механизација се обидуваат да ги извлечат заробените луѓе под урнатините. Уништената инфраструктура и екот на граѓанската војна дополнително ја отежнуваат помошта...

Расте бројот на загинати по земјотресот во Мјанмар. Меѓународните спасувачи со тешка механизација се обидуваат да ги извлечат заробените луѓе под урнатините. Уништената инфраструктура и екот на граѓанската војна дополнително ја отежнуваат помошта. УНИЦЕФ бара итно финансирање за да се зголеми испораката на помош за спасување животи.
„Овој земјотрес е уште еден брутален удар за децата во Мјанмар. Тоа е криза над сите кризи. Итно се потребни повеќе ресурси за да се спасат и заштитат животите на децата и нивните семејства“, изјави Кетрин Расел - извршен директор на УНИЦЕФ.
Продолжува потрагата по исчезнати и во соседен Тајланд. Властите во Банкок не губат надеж дека ќе ги пронајдат живи.
„Сè уште имаме голема надеж. Мислам дека ќе најдеме некои луѓе кои преживеале внатре дури и еден спасен живот вреди за да се вложиме, затоа продолжуваме со напорите“, изјави Чадчарт Ситипунт - гувернер на Банког.
