Украина

Трамп со закани до Путин ако нема примирје

31.03.2025 08:58

Трамп ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 насто на целата руска нафта ако почувствува дека Москва ги кочи неговите напори да ја оконча војната во Украина откако Путин предложи да се воведе привремена странска администрација во Украина поради некредибилност на Зеленски...

Американскиот претседател Трамп ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 насто на целата руска нафта ако почувствува дека Москва ги кочи неговите напори да ја оконча војната во Украина откако Путин предложи да се воведе привремена странска администрација во Украина поради некредибилност на Зеленски.

„Ако Русија и јас не можеме да постигнеме договор за запирање на крвопролевањето во Украина, и ако мислам дека тоа е виновна Русија – што можеби и не е ќе воведам секундарни тарифи, на целата нафта што излегува од Русија“, изјави Доналд Трамп - претседател на САД.

Британски „Економист“ пак тврди дека избори во Украина би можеле да се одржат уште летово, а Зеленски има намера да се кандидира за втор мандат. Според весникот тој веќе му наложил на својот тим да организира гласање по целосен прекин на огнот кој би можел да се случи на 20 април.