САД
Шофер на автобус усмрти двајца патници во Мајами
31.03.2025 09:54
Возачот на транзитниот автобус на линија Мајами-Даде имал вербална расправија со патниците во автобусот по што пукал во нив...

Возач на автобус усмрти две лица по расправија со патници пред трговски центар во Мајами. Полицијата соопшти дека автобусот стоел во место кога се случил инцидентот.
„Возачот на транзитниот автобус на линија Мајами-Даде имал вербална расправија со патниците во автобусот по што пукал во нив. Двете лица биле пренесени во болница, но набргу потоа се прогласени за починати“, изјави Дијана Делгадо – полициски оддел во Мајами Гарденс.
Возачот е во притвор додека властите ја продолжуваат истрагата.
