Вежби

Показни вежби за евакуација при појава на пожар

31.03.2025 13:37

Во Струмица деновиве се одржуваат показни вежби за евакуација на лица при пожари. Фокус се училиштата. Надлежните тврдат дека најмалку двапати годишно се потребни вакви вежби не само заради зајакнување на капацитетите туку и заради воочување на слабите страни при евентуални елементарни непогоди...

Конутинирана едукација и зајакнување на капацитетите на институциите при појава на елементарни непогоди. Вака апелираат надлежните по трагедијата во Кочани. Деновиве во струмичките основни и средни училишта и градинки се реализираат показни вежби за евакуација на ученици и наставен кадар при појава на пожар.

Најмалку два пати годишно мора институциите и фирмите да спроведуваат симулациони вежби. Тоа е предвидено и во законот, велат од Црвениот крст.

Од Дирекцијата за заштита и спасување тврдат дека вежбите се добри не само заради зајакнување на капацитетите и координација на одговорните, туку заради воочување на недостатоците при евентуални елементарни непогоди.

Освен показни и симулациони вежби, во Струмица се интензивирани и вонредните инспекциски надзори на општинскиот градежен, комунален и инспектор за животна средина на сите угостителски капацитети.

 

Ване Трајков