Израел
Нетанјаху на ново рочиште заради корупција
31.03.2025 18:22
Политичките тензии во земјата продолжија, откако Нетанјаху го номинираше поранешниот командант на морнарицата Ели Шарвит за нов директор на израелската Служба за внатрешна безбедност Шин Бет...

Израелскиот премиер Нетанјаху повторно се појави во судот да сведочи на продолженото рочиште по обвиненијата за корупција. Тој е првиот актуелен израелски лидер обвинет за криминал.
Во истовреме, политичките тензии во земјата продолжија, откако Нетанјаху го номинираше поранешниот командант на морнарицата Ели Шарвит за нов директор на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет, иако врховниот суд неодамна го суспендираше разрешувањето на актуелниот шеф на агенцијата Ронен Бар, додека ги разгледува жалбите против одлуката на владата до 8 април.
