Светска банка со поддршка на Македонија од 36,4 милиони евра

08.08.2014 10:22

Средствата ќе бидат наменети за успешно спроведување на реформите и развојните политики на владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста...

На сметката на буџетот на Република Македонија пристигнаа средствата од заемот за развојни политики за конкурентност, финансиран од Светска банка во износ од 36,4 милиони евра. Тие ќе бидат наменети за успешно спроведување на реформите и развојните политики на владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста.

Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку привлекување на инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на во трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации.

Овој заем е продолжение на првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност во износ од 38,7 милиони евра од 2013 година.