Земјоделство

Студот и мразот ги оштетија овошките

31.03.2025 12:07

На пазарите има сѐ помалку квалитетен род од домашното производство. Ниските утрнски температури удрија по овошните насади, штетите по измрзнувањето се големи, велат земјоделците од Валандово и Росоман. Ќе се формираат комисии за проценка- потврдуваат од Агенцијата за поддршка на земјоделството...

Владо Јорданов од Сирково, кавадаречко, повеќе од 20 години егзистира од земјоделството. Вели, овошките се оштетени и до 100 проценти од студот и мразот во средината на месецов, кога температурите паднаа во минус и до осум степени.

И така намаленото земјоделско производство, сè поизвесно е дека дополнително ќе се намали, а тоа ќе значи и повисоки цени на овошјето и зеленчукот.

Од измрзнување не беше поштеден родот и во јужните делови на земјава. Настрадаа калинките во Валандово. Таму веќе се формирани комисиите за процена на штети.

Земјоделците апелираат, за објективна процена, потребно е во комисиите да има и земјоделци.

Александра Велинова