Прилеп

Прилепските пожарникари исправени пред пречките и проблемите во гаснењето на пожарите

31.03.2025 14:05

Прилепската противпожарна единица максимално се вложува во гаснењето пожари, но недостасуваат возила, дел опрема и вработени. Наидуваат на урбанистички и сообраќајни пречки. И граѓаните реагираат ...

Тесни улички, урбанистички нелогичности, непрописно паркирање, проблематични улични инсталации, се дел од проблемите на кои наидуваат пожарникарите за да изгаснат оган и да спасат човечки животи и објекти.

И на централното градско јадро во Прилеп му се потребни ред и прописи. Граѓаните се чувствуваат вознемирено дека пречките ќе оневозможат пожарната да стигне навреме.

Наместо 60, работат 33 прилепски пожарникари. Возилата се застарени иако дел опрема добиваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Прилепската противпожарна единица работи на голема територија од околу 1.200 километри квадратни.

Елизабета Митреска