Марин Ле Пен прогласена за виновна во случајот за проневера
Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија национално собирство се обвинети дека користеле пари наменети за парламентарни асистенти на ЕУ за плаќање на персонал кој работел за партијата помеѓу 2004 и 2016 година, што е спротивно на правилата на овој 27-член блок...

Француски суд ја прогласи Марин Ле Пен за виновна во случајот за проневера, но не соопшти каква би можела да биде нејзината казна, ниту како тоа би можело тоа да влијае на политичката иднина на лидерката на крајната десница.
Ле Пен и уште 24 функционери од нејзината партија национално собирство се обвинети дека користеле пари наменети за парламентарни асистенти на ЕУ за плаќање на персонал кој работел за партијата помеѓу 2004 и 2016 година, што е спротивно на правилата на овој 27-член блок, Ле Пен и нејзините сооптужени ги негираат сите обвиненија. Најголема загриженост за Ле Пен е можноста судот да ја прогласи неподобна за кандидатура „со моментален ефект“ — дури и ако поднесе жалба.
Тоа би ја спречило да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Таа ова сценарио го опиша како „политичка смрт“.
