„Екстра Меин“ повлекува од продажба неколку производи

07.08.2014 18:37

Повлечени се два вида сечкан свинки врат, како и два вида скараџиски колбаси...

Компанијата „Екстра Меин“ од Куманово ги информира граѓаните дека по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство повлекува од продажба неколку свои производи. 
 
Повлечени се два вида сечкан свинки врат, како и два вида скараџиски колбаси: Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07632; Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07633; Македонски колбас – вакуум – лот број 07329; Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07369 и  Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07370.
 
Од компанија порачуваат граѓаните кои купиле вакви производи да ги вратат во малопродажниот објект, а парите ќе им бидат вратени. 
 
„Екстра меин“ ќе бара и надворешна анализа од соодветна светска институција.