По две недели пауза, денес пленарки и комисии во Собранието
Одлуката, телата на законодавниот дом да не заседаваат поради трагедијата во Кочани, предизвика лавина реакции во јавноста, која критикуваше дека пратениците не си ја работат работата за којашто се платени и бегаат од одговорност...

По две недели, Собранието од денеска продолжува редовно да функционира. Закажани се и комисии и пленарни седници.
Одлуката, телата на законодавниот дом да не заседаваат поради трагедијата во Кочани, предизвика лавина реакции во јавноста, која критикуваше дека пратениците не си ја работат работата за којашто се платени и бегаат од одговорност. Собранието пак, се правдаше дека работата продолжила во други вообичаени форми, преку координации, подготовка и разгледување на предлог-законите, како и состаноци на различни нивоа и теренски активности во Кочани.
Пред пратениците и забраната за употреба на пиротехника во затворени простори.
