УКРАИНА

Зеленски на линија со сојузниците за планот за мир

01.04.2025 08:38

Разговорот следува откако портпаролот на Кремљ рече дека Русија ги смета напорите за ставање крај на тригодишната војна со Украина како развлечен процес...

Украинскиот претседател разговарал со британскиот премиер Стармер за заеднички чекори за мирот и безбедносните гаранции. Разговорот следува откако портпаролот на Кремљ рече дека Русија ги смета напорите за ставање крај на тригодишната војна со Украина како развлечен процес.

„Ја цениме позицијата на Обединетото Кралство во однос на притисокот врз Русија – притисокот мора да биде доволно силен за да ги спречи Русите да ја прошират оваа војна. Москва бесрамно ги исмева напорите на нашите партнери за унапредување на мировната агенда – со постојани нови напади со беспилотни летала и немилосрдно, брутално гранатирање. Само преку притисок може да се стави крај на ова и Русија да биде принудена на мир“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На прашањето дали ќе наметне санкции за руската нафта откако изјави дека му е лут на Путин, американскиот претседател вели НЕ, сака договор.

„Мислам дека тој ќе го исполни она што ми го кажа и мислам дека ќе го исполни својот дел од договорот. Сега и Зеленски се надеваме дека тој ќе исполни очекуваното. Гледам дека тој се обидува повторно да преговара за ретките минерали“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Во меѓувреме, Кремљ објави пролетна мобилизација на 160.000 граѓани кои ќе бидат регрутирани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули. Регрутите нема да бидат испратени во новите региони на Русија ниту ќе учествуваат во специјални операции, соопшти руското министерството на одбрана.