ЛИТВАНИЈА
Се трага по уште еден исчезнат војник на САД
01.04.2025 08:52
Американското Министерство за одбрана објави видеоснимка од потрагата, откако соопшти дека тројца од четворицата војници се пронајдени мртви во нивното оклопно возило што беше извлечено од мочурлива област...

Армијата на САД и литванските власти го истражуваат инцидентот со исчезнувањето на четворицата војници западно од границата со Белорусија за време на тактичка обука. Американското Министерство за одбрана објави видеоснимка од потрагата, откако соопшти дека тројца од четворицата војници се пронајдени мртви во нивното оклопно возило што беше извлечено од мочурлива област.
Нуркачки тим на морнарицата е во потрага по четвртиот војник кој сè уште се води како исчезнат.
