БЛИСКИ ИСТОК

Напади во Бејрут, продолжува операцијата во Газа

01.04.2025 08:56

Израелската одбрана продолжува со операции во северниот и централниот дел на Газа...

Израелската војска соопшти дека нападнала зграда во јужните предградија на Бејрут, чија цел била член на милитантната група Хезболах. Израелската одбрана продолжува со операции во северниот и централниот дел на Газа. Во акцијата 50 милитанти биле елиминирани. Израел го заврши примирјето со Хамас и ги обнови нападите од копно и воздух на почетокот на овој месец. Во поголемите градови продолжија протестите за враќање на заложниците.

„Оваа земја е киднапирана од многу, многу лоша влада, која ја претвора во диктатура“.

„Треба да ставиме крај на ова страдање со мировни преговори. Ни требаат мировни разговори и за тоа ни треба помош од Катарскиот народ, од Египетскиот народ. И, се разбира, мило ми е што ја добиваме помошта од американската администрација“.

„Тука сум поради две причини. Едната е затоа што сакам да живеам во демократија. Втората е затоа што се грижам за моите браќа и сестри кои се во Газа во тунелите и умираат“.

Премиерот Нетанјаху изјави дека Израел работи на план предложен од американскиот претседател, според кој жителите на Газа ќе бидат преместени во други земји. Висок функционер на Хамас ги повика приврзаниците да земат оружје и да се борат против планот на Трамп.