МВР

Полицаец оддавал државни тајни

01.04.2025 08:56

Кривична пријава против полициски службеник, член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, за оддавање службена тајна...

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник, член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, за оддавање службена тајна.

При спроведена акција, на паркинг пред хотел во Велес бил затекнат во возило со уште едно лице, а при претресот на автомобилот е пронајден ранец со службени материјали од МВР.

И двајцата се упасени. Во рамки на акцијата се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други докази дека полицаецот неовластено поседувал службени материјали, кои ги откривал на трети лица надвор од министерството.