СЗО прогласи меѓународна здравствена тревога поради ширење на еболата
Објавата дојде по дводневниот итен состанок на организацијата во Швајцарија. Над 930 лица починаа од ебола во неколку западно африкански земји годинава...

Светската здравствена организација (СЗО) објави меѓународна здравствена тревога поради ширењето на еболата во Западна Африка.
Објавата дојде по дводневниот итен состанок на организацијата во Швајцарија. Над 930 лица починаа од ебола во неколку западно африкански земји годинава. Обединетите нации сметаат дека епидемијата е невообичаен настан во денешно време.
Сепак од СЗО најавија дека засега нема да има забрана на меѓународните патувања и трговија.
И македонските власти го подигнаа степенот на спречување на влезот на оваа болест во земјава. Со карантини и термо камера на аеродромот „Александар Велики“ превенцијата е најдоброто средство за борба против фаталната болест, изјавија од воено медицинскиот центар на Македонската армија.
