Конференција

Партнерска конференција за Одржливи услуги за управување со отпад

01.04.2025 09:40

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува и ќе се обрати на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува и ќе се обрати на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад, којашто ќе се одржи денеска во хотелот Дабл три Хилтон (DoubleTree by Hilton) во Скопје.

Конференцијата се одржува во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и спроведуван од SALAR International. Целта е да се креира платформа за дискусија помеѓу националните и локалните власти, донаторската заедница и другите чинители во областа на управување со отпадот за да се промовираат политиките за управување со отпадот, да се овозможи постратешко користење на достапните средства и да се координираат програмите и финансирањето за да осигури долгорочна одржливост на системот за управување со отпадот.

На конференцијата ќе се обратат и Ами Ларсон Џаин, амбасадор на Шведска во Северна Македонија, Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС. Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и Рајан Нокс, управен директор на SALAR International.