Обама одобри воздушен напад на Ирак

08.08.2014 10:52

Екстремистите претходно објавија дека успеале да заземат неколку града, меѓу кои и најголемиот христијански град Каракош, предизвикувајќи масовно раселување на ирачките христијани...

Американскиот претеседател Барак Обама нареди воздушни акции откако исламската милитантна група ИСИС зароби поголем број припадници на верското малцинство Јазиди во близина на градот Ирбил. Екстремистите претходно објавија дека успеале да заземат неколку града, меѓу кои и  најголемиот христијански град Каракош, предизвикувајќи масовно раселување на ирачките христијани.

„Кога се соочуваме со ваква ситуација, кадешто невини луѓе преживуваат ужас, Америка не смее да биде слепа. Денес одобрив две операции во Ирак- воздушен напад за заштита на нашиот американски персонал и хуманитарни напори за да се спасат илјадници ирачки цивили заглавени на планина, соочени со глад и сигурна смрт“, соопшти претседателот на САД, Барак Обама.

И папата Франциско повика да се заштитат ирачките христијани. Доцна синоќа зад затворени врати во Њујорк на вонредниот состанок на советот на безбедност на ОН се разговараше за напредокот на офанзивата во Ирак.

„Во моментов работиме со Вашингтон за да го добиеме вистинскиот пристап доколку е потребна воена интервенција, претежно од воздух. Но сеуште ова не сме го потврдиле“, рече Мохамед Али Алхаким, постојан претставник на Ирак во ОН.