Здравство

Тројца од повредените во пожарот во Кочани и натаму во критична состојба

01.04.2025 10:28

Денеска се очекува враќање на двајца пациенти во земјава, од Полска и Бугарија, а до крај на неделава има најави за враќање на повеќе пациенти...

Во болниците во државава и во странство се лекуваат 100 пациенти, повредени во пожарот во Кочани. Во земјава моментално се лекуваат 20 пациенти, а во странските медицински центри 80. Од нив, тројца се во потешка здравствена состојба, изјави министерот за здравство Таравари по утринскиот состанок на кризниот штаб.

Како што кажа тој, денеска се очекува враќање на двајца пациенти во земјава, од Полска и Бугарија, а до крај на неделава има најави за враќање на повеќе пациенти.

Паралелно, се врши тријажа на пациентите кои се пуштаат на домашно лекување, а се прави и консултација со медицинскиот персонал дома и во странство, за состојбата на повредените.

За потешките пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација, Таравари истакна дека има неколку опции како во ГОБ „8 Септември“, Центарот за рехабилитација во Козле, но има и понуди за подолгорочна рехабилитација надвор од државата.