Од 19 декември се намалуваат цените на лековите на позитивната листа

16.12.2013 15:29

За пациентите ќе бидат достапни 21 генерички лек  без доплата. Наменети  се за 15-ина заболувања и состојби, како на пример за дигестивни нарушувања, кардиоваскуларни заболувања, за тироида, антиревматски заболувања, аналгетици, антибиотици, антиинфективи за гинекологија и др. 
 
Пациентите нема да доплаќаат за  76,5% од лековите за примарна здравствена заштита.Од 1035 лекови  со заштитено име,  85% ќе бидат или без доплата или со минимална доплата  (од 50 до 100 денари
 
Вкупните финансиски ефекти – заштеди во примарната здравствена заштита од оваа ревизија се намалување на трошоците за Фондот (88 милиони денари) и за осигурениците (31 милион денари), односно вкупните заштеди се во износ од околу 119 милиони денари годишно за целиот здравствен систем на примарно ниво.
 
Соња Стојановска